Експлозијата на плинскиот уред настанала во семејната куќа на починатиот
Шеесетгодишен кумановец вечерва почина во екслопизија на плинска боца во семејната куќа, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

„Денеска во 20:23 часот е пријавено дека во куќа на улицата ‘Ѓирче Петров‘ во Куманово настанал пожар од екплозија на плинска боца. Од екплозијата починал Л.Д. (60) од Куманово“,
се вели во соопштеението од СВР Куманово.
Полицијата врши увид на местото на несреќата.