Според министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, процесот на издавање лични документи во Скопје и во секторите за внатрешни работи во земјава е интензивен
Шалтерите за издавање готови документи во објектот во МРТВ утре ќе работат во периодот од 8 до 16 часот, информира Министерството за внатрешни работи.
Според министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, процесот на издавање лични документи во Скопје и во секторите за внатрешни работи во земјава е интензивен.
„Во внатрешноста во земјава овој процес е сосема при крај. Во Скопје се отвори новиот пункт, сè со цел да се апсорбираат што е можно повеќе барања. Само во пунктот има 40 000 доставени барања од граѓани за лични документи, не за еден документ, туку за повеќе, а и другите пунктови низ Скопје апсорбираат. Сметам дека со интензивната работа сега, до крајот на годината, а и во јануари ќе се заврши целиот овој процес на најдобар можен начин“,
рече Спасовски.