Република Филипини е 181. земја со која воспоставуваме дипломатски односи
Република Северна Македонија и Република Филипини воспоставија дипломатски односи, соопшти шефот на дипломатијата Бујар Османи откако со неговиот филипински колега, Теодоро Л. Локсин, потпиша заедничкото комунике за воспоставување дипломатски односи.
„Ваквиот чекор ги потврдува нашите заложби за градење пријателски односи и воспоставување партнерства и со географски оддалечени земји и отвора врата за плодна соработка и заемен напредок. Чинот на официјализирање на пријателството меѓу двете земји нуди можности за промоција на економските и трговските врски, како и зајакнување на досегашната успешна соработка на мултилатерално ниво“,
вели Османи.
Филипини е 181. земја со која Северна Македонија има воспоставено дипломатски односи.