Соопштението дојде откако Северна Кореја во четвртокот лансираше интерконтинентална балистичка ракета „хвасонг-17“ како одговор на американско-јужнокорејските воени вежби
Северна Кореја тврди дека околу 800 000 нејзини граѓани доброволно се пријавиле да се приклучат на армијата за да се борат против САД, објави вчера државниот весник.
„Само вчера околу 800 000 студенти и работници изразија желба да се пријават во војска за да се одбранат од САД“,
пишува весникот „Родонг Синмун“.
Соопштението дојде откако Северна Кореја во четвртокот лансираше интерконтинентална балистичка ракета „хвасонг-17“ како одговор на американско-јужнокорејските воени вежби.
Севернокорејските балистички ракети се забранети со резолуции на Советот за безбедност на ОН, а последното лансирање беше осудено од владите во Сеул, Вашингтон и Токио.
Јужнокорејските и американските трупи во понеделникот почнаа со 11-дневни вежби „Штитот на слободата 23“ на ниво што не е забележано од 2017 година.
Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун ги обвини САД и Јужна Кореја дека ги зголемуваат тензиите со воени вежби.