Инаку, Османи беше избран за министер за надворешни работи во 2020 година. Претходно, во 2008 година беше назначен за министер за здравство во владата на Никола Груевски, а на оваа позиција остана до 2011 година
Шефот на македонската дипломатија Бујар Османи негира дека има каква било улога во вработувањето на неговата сестра во Македонската навигација оти, како што рече, таа работи во М-НАВ од пред 15 години, долго пред тој да биде назначен за министер за надворешни работи.

„Таа работи таму од пред 15 години. Тоа е 12 години пред јас за станам министер за надворешни работи. За критериумите ќе ги прашате во М-НАВ. Оваа тема е искористена секои избори во последните 15 години и веќе 15 години јас го давам истото образложение“,
рече Османи одговарајќи на новинарски прашања по денешната прес-конференција.
Инаку, Османи беше избран за министер за надворешни работи во 2020 година. Од 2017 до 2020 година, пак, ја извршуваше фукцијата вицепремиер за европски прашања во владата предводена од Зоран Заев. Претходно, во 2008 година Османи беше назначен за министер за здравство во владата на Никола Груевски, а на оваа позиција остана до 2011 година.
Изјавата на министерот следува откако во емисијата „Код“ на ТВ Телма беше објавено дека во Македонската навигација се вработени роднини на дел од министрите во Владата, меѓу кои и сестрата на Бујар Османи.