Активирани се „ертракторите“ на Дирекцијата за заштита и спасување кои го гаснат пожарот на територијата на Сопиште, зад Водно
Од ДЗС информираат дека пожарот е од јужната страна на планината.
Пожарот за кој претходно објавивме дека се разви над самото село Чифлик, е ставен под контрола и направен е обрач за да се заштити шумата.
Градоначалникот Јане Мицевски во изјава за „360 степени“ претходно рече активен е мал дел надвор од селото во правец према Водно, но за гаснење ќе мора да се интервенира воздушно, оти зафатен е стрмен терен.
Огнот го гаснеа и скопските пожарникари, заедно со ДЗС, доброволно друштво и месното население. Вон опасност се објектите во Чифлик.
