Како што пренесува Си-би-ес, некогашната гувернерка на Јужна Дакота вечерала во популарен ресторан во Вашингтон, а чантата ѝ
била оставена веднаш до нозете под масата
Американската секретарка за внатрешна безбедност Кристи Ноем е ограбена додека завчеравечер вечерала во ресторан во центарот на Вашингтон, пренесува Си-ен-ен. Од нејзината чанта ѝ се украдени возачката дозвола, пасошот, службената легитимација, како и три илјади долари во готовина.
Ноем, одговарајќи на новинарски прашања за време на настан во Белата куќа, го потврди инцидентот и посочи дека случајот сè уште не е решен.

Инаку, сè уште не е јасно на кој начин е извршена кражбата бидејќи вечерта во ресторанот биле и членовите на Тајната служба задолжени за нејзино обезбедување.
Сепак, по прегледаните снимки од надзорната камера од ресторанот е утврдено дека кражбата ја извршил човек што носел хируршка маска на лицето.
Од чантата на Ноем се украдени лекови, клучеви од стан, нејзината возачката дозвола, пасошот, службената легитимација, чекови, како и три илјади долари во готовина.
Како што пренесува Си-би-ес, некогашната гувернерка на Јужна Дакота вечерала во популарен ресторан во Вашингтон, а чантата ѝ била оставена веднаш до нозете под масата.
Експертите за безбедност изразија загриженост како крадец успеал да се доближи толку блиску до членот на американската влада и да ги украде нејзините лични работи, нешто што, според нив, може да се смета за сериозен пропуст во безбедносните протоколи.
Поради тоа, сметаат дека треба да се спроведе итна и темелна истрага во Одделот за домашна безбедност и во другите безбедносни агенции, како и дека Тајната служба треба да направи оперативни промени во начинот на кој се справуваат во ситуации како оваа.