По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција, а возачот К.В. (26) е приведен во полициската станица во Кисела Вода
Седумдесет и осумгодишен велосипедист од Скопје доцна синоќа загинал во сообраќајна несреќа откако во него, со автомобил марка „мицубиши аутлендер“, удрил 26-годишник.
Несреќата се случила на булеварот „Киро Глигоров“ во Скопје, а во скопската полиција била пријавена десетина минути после полноќ.

Велосипедистот Б.К. (78) починал на самото место, а смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција, а возачот К.В. (26) е приведен во полициската станица во Кисела Вода.
„За понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“,
информираат од Министерството за внатрешни работи.