Четворица од повредните во пожарот во Кочани што беа на лекување во софиската болница „Пирогов“ денеска ќе бидат пуштени на домашно лекување
Седум од повредените во пожарот во Кочани сè уште се лекуваат во земјава, додека 64 други остануваат на лекување во болниците во странство, информираат денеска од Министерството за здравство.

Пациентите кои се на лекување во земјава се распоредени во Хируршката клиника „Свети Наум Охридски“, каде што се лекуваат четворица од повредените, еден е на Клиниката за токсикологија, а двајца се во „Систина“.
Четворица од повредните во пожарот во Кочани што беа на лекување во софиската болница „Пирогов“ денеска ќе бидат пуштени на домашно лекување. Во болницата „Пирогов“ ќе останат на лекување уште четворица пациенти.
Од Министерството за здравство информираат дека во моментов се врши категоризација на пациентите според потребите за рехабилитација со цел обезбедување соодветен понатамошен третман на повредените. Во пожарот во т.н. кабаре „Пулс“ во Кочани што се случи на 16 март годинава повредени беа околу 200 лица.