Вкупно 329 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот се лекуваат на инфективните одделенија во Скопје и во болниците во другите градови
Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 7 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 127 лица сомнителни и потврдени за ковид – 19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.
Во последното деноноќие, на Институтот за ТБЦ немало приеми.
Во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“ имало еден примен пациент и 6 биле примени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 11 оздравени пациенти.
Во ковид – центарот на Институтот за ТБЦ се лекуваат 19 пациенти.
Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 48 пациенти, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби 60.
Од Министерството за здравство посочуваат дека бројот на приеми во изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот имало 80 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.
Пред два дена, Министерството соопшти дека поради намалениот број на пациенти, се затвораат сите ковид-центри на интерните клиники и во комплексот „Мајка Тереза“ и ковид-позитивни пациенти ќе се примаат само Инфективната клиника и на Институтот за ТБЦ.
Вкупно 329 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот се лекуваат на инфективните одделенија во Скопје и во болниците во другите градови.
Во ковид – центрите во болниците во другите градови во изминатите 24 часа е пријавено дека се лекуваат вкупно 202 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 23 пациенти, позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 21 пациент. На инфективното одделение во Тетово има честири пациенти, во Велес се лекуваат 15 болни, а во Куманово 38 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во ковид – центарот во Охрид се хоспитализирани 25 пациенти, во Прилеп 15, во ковид – центарот во Гостивар пет, а во Струга 23 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 16 пациент, во Кочани четири, во Кичево седум, Кавадарци шест, а во Гевгелија нема хоспитализирани лица позитивни и суспектни на коронавирусот.