Поради намалениот број на пациенти, од денеска се затвораат сите ковид-центри на интерните клиники и во комплексот „Мајка Тереза“. Ковид-позитивни пациенти ќе се примаат само Инфективната клиника и на Институтот за ТБЦ, информираше Министерството за здравство.
Надвор од Клиничкиот центар, пациенти според извештајот, има и во Градската општа болница „8 Септември“.
Во последните 24 часа во Скопје се примени само 8 нови пациенти поради компликации со коронавирусот, а се отпуштени 22 излекувани. Во моментов бројката на хоспитализирани изнесува 142.
Во болниците во внатрешноста, пак, има 237 пациенти или вкупно во цела држава хоспитализирани се 379. Слободни се над 600 болнички кревети.
Исто како и во Скопје, така и во внатрешноста, поради намален број пациенти изминатите денови се затворија дел од ковид-центрите.
Во кумановската болница во моментов има најмногу хоспитализирани – 43. Понатаму, Охрид 29, Штип 28, Битола 26, Велес 24, Струга 20, Прилеп 16, Струмица 14, Кичево 9, Кочани 7, Кавадарци 7, Гостивар 7, Тетово 4 и Гевгелија 3.