Меѓу загинатите е и 14-годишно девојче, потврди украинскиот претседател Володимир Зеленски
Во руски ракетен напад врз станбена зграда во североисточниот град Харков во Украина се убиени седум лица, а со повреди се здобиле 77, потврдија украинските власти. Градоначалникот на градот, Игор Терехов, рече дека во нападот е убиено едно дете на игралиште и додаде дека од ударот на бомбата се запалила 12-катна станбена зграда и неколку автомобили во близина на зградата.
Потврда дека во нападот е убиено дете пристигна и од украинскиот претседател Володимир Зеленски кој повторно ги повика сојузниците да дозволат Украина да користи оружје со долг дострел за напади на руска територија.
„Нападот немаше да се случи ако нашите одбранбени сили имаа способност да уништат руски воени авиони каде што се распоредени. Нема рационална причина зошто треба да ја ограничиме одбраната на Украина“,
рече Зеленски.
Ukraine, Kharkiv. A Russian airstrikes hits the entrance of a 12-story building. Three people have been reported dead.
— Fared Al Mahlool | فريد المحلول (@FARED_ALHOR) August 30, 2024
One more hit occurred in Nemyshlyansky district. A girl was killed on a playground, three people were wounded.
Child murdering is russian culture. Russia is a… pic.twitter.com/GNhDhNz9U2
Доцна синоќа, пак, украинските сили го гранатираа рускиот град Белгород кој се наоѓа во непосредна близина на руско-украинската граница. Во овој напад загинаа пет лица, а 46 беа повредени. Гувернерот на Белгород, Вјачеслав Гладков, изјави дека меѓу повредените има седум деца и дека загинатите биле цивили.
Footage of the attack on Belgorod yesterday
— NEXTA (@nexta_tv) August 31, 2024
According to Governor Gladkov: “As a result of the shelling of Belgorod, five civilians were killed and 46 civilians were wounded. Now 37 people are in hospitals, seven of them are children, one child is in serious condition.”
In the… pic.twitter.com/ZzZmauwnK9