Од скопската противпожарна бригада велат дека најверојатно причина за пожарот се светилките на елката
Петмина пожарникари со едно возило вечерва интервенирале во гаснење на пожар што избил на новогодишната елка поставена пред трговскиот центар „Бисер“.
Според информациите од командантот на Противпожарната бригада на град Скопје, Звонко Томевски, дојавата до нив стигнала вечерва околу 18 часот по што веднаш излегле на интервенција.
Тој вели дека најверојатно причина за пожарот се светилките на елката.
„Имаше дојава и пет пожарникари со едно возило излегоа на терен. Пожарот е изгаснат и пожарникарите се вратени“,
вели Томевски во изјава за МИА.
На социјалните мрежи веќе се шири видео кое е направено додека елката гори, пред пожарникарите да интервенираат.