Се запали депонијата кај Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во скопската општина Карпош.
Според првичните информации, горат отпад и шут поради што од утрово се шират чад и непријатен мирис. Пожарот е пријавен во 8:10 часот, а на терен се девет пожарникари со три возила.
Од скопската противпожарна единица велат дека чекаат механизација од Општина Карпош и Град Скопје за да се расчисти депонијата зашто во спротивно тешко ќе оди гаснењето.
Ова не е прв пожар на оваа дива депонија на чие место градските и општинските власти почнаа со подготовките за правење нов парк.