Од МВР потврдија дека причината за пожарот е моторот
Во центарот на Скопје, кај комплексот банки, попладнево се запали автобус на ЈСП. Повредени нема, а пожарот веќе е изгаснат, потврди за МИА Владимир Симоновски од Противпожарната бригада.
„Причина за пожарот најверојатно е моторот на автобусот, можно е да станува збор за истекување на нафта. Противпожарната екипа интервенираше во гаснење на пожарот и сега е завршено“,
рече Симоновски.
И од МВР потврдија дека причината за пожарот е моторот и дека тој веќе е изгаснат.