Во асфалтна база на „Гранит“ на Качанички пат денеска избувна пожар што зафати површина од 30 000 метри квадратни. Пожарот е изгаснат, а од Противпожарната служба на Град Скопје интервенирале со седум возила и 17 пожарникари.

„Во 11:45 добивме дојава за запалена Асфалтна Базната станица на „Гранит“ на излез од Скопје кај Качанички Пат.БППЗ-Скопје со БРЗА интервенција не дозволи палење на надворешните резервоари со мазут и настанување на поголема штета и на Базната Станица и на околината“
информираат од службата.
