Славниот лондонски мост „Тауер бриџ“ затворен за сообраќај откако поради технички проблеми се заглавил. Мостот е препознатлива градба за Лондон и е познат по тоа што тој се отвора со цел да можат бродовите да ја поминуваат реката Темза.
Како што пренесува Н1, мостот се заглавил во подигната положба, а откако е направена интервенција е пуштен за употреба само за пешаци, но не и за автомобили.
„Механичари сè уште работат на еден дел од мостот, ве молиме најдете алтернативен пат“,
соопшти полицијата до лондонските жители.
Познатиот мост е една од најпознатите туристички атракции во Лондон, а изграден е меѓу 1886 и 1894 година.