Најверојатно станува збор за кафулето „Класик“, кое беше демолирано за време на протестите во Кочани еден ден по пожарот во т.н. кабаре „Пулс“
Во рамки на истрагата за трагедијата во Кочани, полицијата од утринава врши претреси во другиот објект во сопственост на газдата на таканареченото кабаре „Пулс“, дознава „360 степени“ од полициски извори.

Најверојатно станува збор за кафулето „Класик“, кое беше демолирано за време на протестите во Кочани на 17 март, еден ден по пожарот во „Пулс“ во кој загинаа 59 лица.
Дополнително, претрес се врши и во службените простории на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) во Кочани.
Во врска со трагедијата во Кочани, во која загинаа 59 лица, осомничени се 27 физички, три правни лица и седум полициски службеници од Штип и Кочани. На сите осомничени им е одредена мерка 30-дневен притвор, освен на тројца од нив кои во моментов се хоспитализирани.