Во Тетово се воведуваат рестрикции на вода. Причина е намалување на производството на водата за пиење од изворите на Попова Шапка и Лешница, со што е намалена и количината на водата за пиење во водоводниот систем.
Од Јавното комунално претријатие „Тетово“ велат дека рестрикциите ќе бидат во два термини од 13:30 до 16:30 часот и од 22:30 до 01:30, за да може да се обезбеди подеднавва распределба на водата, откако одредени делови од градот изминатиов период се соочија со повеќечасовни прекини.
Поради дефект на новиот водоснабдителен систем на 24 февруари беа воведени рестрикции во три периоди од денот со вкупно траење од 11 часа и 30 минути. Овие рестрикции траеја десетина дена.