ДИК девет месеци е со еден член помалку, откако Кренар Лога од Алијанса за Албанците стана министер за правда

Опозициските партии на Албанците обединети во коалицијата „Европски сојуз за промени“, се сомневаат дека има тенденција за фалсификување на изборите. Изет Меџити, по отворањето на заедничката канцеларија на албанскиот опозициски блок денеска, изјави дека остануваат на нивното барање за член во Државната изборна комисија (ДИК). Тој кажа дека ќе ги искористат сите демократски средства, па дури и порадиклани, повторувајќи дека можно е напуштање на Собранието.
„Се соочуваме со тенденција за фалсификат на изборите и тоа подготвено од господинот Џафери. За жал, ова укажува дека тие сакаат Државната изборна комисија да остане со шест члена, а по автоматизам, ако е непарен број, ќе остане бројката 3-3. Значи уште пред да почнат, изборите ги насочуваме кон административниот суд. Инаку, аргументите се на наша страна, опозицијата има четири члена во ДИК, ние немаме против да отстапат место за Алијанса во тие четири места, но не може и нема логика и да бидат дел од власта и да претендираат да имаат член во тие 3 члена од опозицискиот блок“,
кажа Меџити.
ДИК девет месеци е со еден член помалку, откако Кренар Лога од Алијанса за Албанците стана министер за правда.