Комисијата за заразни болести препорачува МТСП и општините да најдат решение за просторните капацитети и да предложат датум за отворање на градинките
Министерството за труд и социјална политика и општините да изнајдат решение за просторните капацитети на градинките, е заклучокот од денешниот состанок на Комисијата за заразни болести со претставниците на МТСП.
Од Министерството за здравство информираат за МИА дека на состанокот на Комисијата за заразни болести со претставници на МТСП се разговарало за почеток на функционирањето на градинките.
„Заклучокот е дека Комисијата препорачува МТСП и општините да најдат решение за просторните капацитети. МТСП да дадат предлог датум за отворање на градинките, согласно можноста за исполнување на условите за спроведување на протоколите што ги изработи Комисијата за заразни болести“,
соопштија од Министерството за здравство.