Вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска денеска соопшти дека градинките и дневните центри ќе бидат отворени кога тоа ќе го дозволи Комисијата за заразни болести.
„Во име на здравствената заштита на сите наши граѓани, децата, возрасните и најстарите кои се најзагрозена категорија, очекуваме мислење од страна на Комисијата. Во моментот кога Комисијата, која јас екстремно ја почитувам, ќе даде дозвола, тогаш ќе бидат отворени и дневните центри и градинките“,
вели Царовска.
Таа потсети дека сите вработени кои имаат деца до десет години се ослободени од работа и таа мерка сè уште е во сила.
„Повикуваме на одговорност и кај компаниите, да ја почитуваат оваа препорака зашто е во интерес на здравствената заштита на сите граѓани, како и на работниците во компаниите кои треба да останат продуктивни и да се вратат на работните места“,
порача вицепремиерката.