Според официјални претставници на Хутите, тие ќе продолжат да ги гаѓаат израелските бродови во Црвеното Море, зашто сметаат дека Јемен води судбоносна битка со израелскиот окупатор – САД
Јеменските Хути денеска извршија напади со беспилотни летала врз израелски, британски и американски бродови во Црвеното Море поради обновените израелски напади врз Појасот Газа.
Портпаролот на јеменските Хути, генерал Јахја Сари, изјави дека биле нападнати два израелски брода кои, според него, ги игнорирале предупредувањата на морнарицата Хути, пренесува Ројтерс.
Сари рече дека Хутите ќе продолжат да ги гаѓаат израелските бродови во Црвеното Море и дека Јемен води судбоносна битка со израелскиот окупатор – САД, пренесе либанската телевизија „Ал Мајдин“.
Претходно, компанијата за поморска безбедност „Амбри“ соопшти оти добила извештаи дека британски товарен брод бил погоден со проектил додека минувал низ Црвеното Море.
соопшти компанијата „Амбри“, пренесе „Еуроњуз“.
„Британски товарен брод под знамето на Бахамите, наводно, бил погоден со проектил додека минувал низ Црвеното Море, приближно 34,5 километри северозападно од Мока, Јемен“,
Инаку, Хутите пред еден месец запленија брод во Црвеното Море поврзан со Израел.
Соединетите Американски Држави (САД) соопштија дека ја разгледуваат можноста за прогласување на јеменските бунтовници Хути за терористичка организација.
Хутите се прогласија за дел од „оската на отпорот“ на иранските сојузници и исто така лансираа серија беспилотни летала и проектили кон Израел.