Од СДСМ велат дека Христијан Мицковски и ВМРО-ДПМНЕ веќе одамна јавно одбиле учество во работните групи иако им било понудено.
По најавите од ВМРО-ДПМНЕ дека ќе се формираат работни групи помеѓу политичките партии кои ќе работат на предлог забелешки на преговарачката рамка која е предложена, од владејачката партија велат дека опозицијата одамна го има одбиено овој предлог.
„Утре е договорена средба на координаторите на пратеничките групи и други претставници на парламентарните партии на којшто на дневен ред е дискусија во однос на заклучоците коишто треба да бидат разгледани и усвоени од Собранието. Овие разговори не поврзани со содржината на преговарачката рамка. Потсетуваме, Христијан Мицковски и ВМРО-ДПМНЕ веќе одамна јавно одбија учество во работните групи иако им беше понудено. Очекуваме одговорност од сите политички партии“,
велат од СДСМ.