Социјалдемократскиот сојуз ветува дека со политиките и мерките за чиста и здрава средина, држвата ќе прерасне во еко-држава. Тие велат дека продолжуваат со преговорите со сите високите претставници на политичките партии кои се дел од новиот собраниски состав, со цел да добијат нов четиригодишен мандат со стабилно мнозинство во парламентот.
„Новата Влада особено внимание ќе посвети на чиста и здрава животна средина, на изградба на еко-држава. Политиките и мерките за чиста и здрава живота средина, предвидуваат стрoга контрола и високи казни за загадувачите, зголемен број екоинспектори, субвенции и инвестиции во чисти извори на енергија. Заедно ќе се грижиме за заедничкиот воздух, за водите, за почвите“,
ветуваат од СДСМ.
Додаваат дека ќе работат повеќе за правото на здрава животна средина кое е основно граѓанско право.