Опозицискиот СДСМ утре ќе го одржи 30. Конгрес на кој се очекува да биде избрано новото раководство на партијата. Тој ќе се одржи во хотелот „Александар палас“, со почеток во 13 часот, информира партијата.

„Конгресот ќе има отворен и работен дел, ќе се разговара за идните, нови политики на партијата, а се очекува да биде избрано и новото раководство на партијата (нови членовите на највисоките тела, Централниот одбор, Надзорниот одбор)“,
информираа денеска од СДСМ.
На почетокот на состанокот на највисокиот орган на партијата, обраќање ќе има претседателот Венко Филипче, што ќе можат да го проследат и медиумите. Потоа следува работниот дел од Конгресот што ќе биде затворен за јавноста.