Од партијата велат дека треба навреме да се формира кризен штаб и тој да биде подготвен за различни ситуации пред невремето, а јавните претпријатија, додаваат оттаму, треба да ги исчистат и да ги проверат каналите, шахтите, атмосферската канализација
По невремето, кое предизвика поплави на повеќе места низ главниот град, градоначалничката Арсовска свика итен теренски состанок на Штабот за заштита и спасување на Град Скопје, а посочи дека тимови од јавните претпријатија ќе го расчистуваат теренот сè до нормализација на состојбите на критичните места во градот кои беа зафатени од невремето
По вчерашното силно невреме кое го зафати главниот град, од СДСМ велат оти локалните самоуправи предводени од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, како и директорите на јавните претпријатија потфрлиле во справување со невремето.
„Скопје беше поплавено, улици, булевари, подвозници под вода, паднати дрва и гранки, попречен и отежнат сообраќај, а локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ никаде ја немаше. Над 10 000 домови се поплавени а ЈП водовод не презеде ништо. Очигледно ниту каналите, ниту шахтите не се проверени навреме и не се исчистени соодветно“,
реагираат од СДСМ во соопштението.
Од партијата велат дека треба навреме да се формира Кризен штаб и истиот да биде подготвен за различни ситуации пред невремето, а јавните претпријатија, додаваат оттаму, треба да ги исчистат и да ги проверат каналите, шахтите, атмосферската канализација.
„Невремето предизвика хаос во сообраќајот, а Центарот за управување и контрола на сообраќајот не ги информираше граѓаните што се случува на сообраќајниците. ЈСП Скопје не ги информираше граѓаните за одложените линии, за можностите, ниту ги насочуваше“,
се додава во соопштението од СДСМ.
Од СДСМ додаваат оти на терен била само полицијата и институциите од централната власт, а дека локалната власт од ВМРО-ДПМНЕ и Левица никаде ја немало.
Откако вчера Скопје го зафати силно невреме, градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска информира дека сите екипи се мобилизирани и се на терен, меѓу кои и Противпожарната бригада на градот Скопје, која, како што посочи, со успешна интервенција успеа да спаси над 20 лица од невремето.
Тимови составени од јавните претпријатија, посочи таа, расчистуваат на терен и ќе останат се до целосно санирање на проблемите на критичните места и до нормализација на состојбата.
По невремето кое предизвика поплави на повеќе места низ главниот град, градоначалничката Арсовска свика итен теренски состанок на Штабот за заштита и спасување на Град Скопје.