Со дебаклот од протест, Мицкоски си ја потврди титулата губитник, нереформираната ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш покажа дека знае само за деструкција, реагираа вечерва од владејачката СДСМ, на протестот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
„Денеска, на помалку од два месеци од изборите, Христијан Мицкоски доживеа уште еден пораз од граѓаните. Со денешниот дебакл од протест, Мицкоски уште еднаш ја потврди титулата губитник затоа што освен стотина негови приврзаници, сите останати му го свртеа грбот. Тоа е очекувано, затоа што Мицкоски одамна е прочитан од граѓаните. Јавноста знае дека тој освен одбрана на криминалот во неговата партија и освен личните бизнис – интереси не го интересира ништо друго. Лицемерно е човекот кој беше вклучен во стопроцентно зголемување на електричната енергија, кој беше одговорен за укинување на евтината тарифа на струјата и човекот кој доби бизнис со хидроцентрали од владата во кој бил советник, денеска да глуми загриженост за цената на струјата“,
се вели во писмената реакција од СДСМ.
Од владејачката партија сметаат дека денешниот протест е обид на Мицкоски да ја задржи партиската фотелја.