СДСМ велат дека во опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ ништо не е променето и дека единствена идеологија е личниот интерес. Според нив, лидерот на партијата Христијан Мицкоски ја отсликал матрицата на ВМРО ДПМНЕ.
„Христијан Мицкоски, не само што се криеше од инспекторите во кафеана на сред Скопје, туку и побарал структури на техничкиот министер на МВР, Наќе Чулев да му помогнат да си го сокрие делото. По барање на Мицкоски и наредба на Чулев, униформирани полицијаци дошле до ресторанот во обид да го спасат Мицкоски од одговорност. Заедно со сопственикот лажеле дека снимачот од безбедноснте камери на кои е регистрирано присуството на Мицкоски е украден, но при претресот снимачот бил пронајден“,
велат од СДСМ.
Тие велат дека Мицкоски знаел дека ги крши законите, токму затоа и го повикал го повикал Чулев да му ги избрише трагите и доказите.
„Мицкоски наместо да глуми наивност, треба да и одговори на јавноста дали на иста маса со него седел и Ален Зекиров, познат како поранешен член на обезбедувањето на Сашо Мијалков и лице на кое му се судеше за тоа што прегази човек. Дали на истата маса со Мицкоски седел и поранешен директор на Управата за јавна безбедност и контраразузнавање? Што толку важно разговарале и од што се криеле среде Скопје? Ова се причините поради коишто Мицкоски седел затворен во кафеана, а не неговата неинформираност за протоколите според коишто работат угостителските објекти“,
велат од СДСМ.
