Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје денеска побара со парите за новогодишно украсување да се купат лаптопи за учениците кои не можат да следат онлајн настава
Нема да дозволиме градовите и општините да бидат завиени во мрак. На граѓаните им е потребна зрак светлина во тешкиот период со коронавирусот, особено во она малку време што можат да го поминат надвор, за време на празниците, велат од СДСМ откако ВМРО-ДПМНЕ побара да се откаже новогодишното украсување поради ковид-19.
Од СДСМ во соопштение до јавноста велат дека украсување ќе има, но ќе биде поскромно од претходните години.
„Секако оваа година значително ќе се намалат средствата што се двојат за оваа намена, со цел украсувањето да биде поскромно и прилагодено на можностите и целата состојба“,
се вели во соопштението.
Од СДСМ ја обвинија опозицијата дека не придонесува во борба со ковид-19 и дека го поктопува здравственот систем.
„Во време кога коронавирусот негативно влијае и врз менталното здравје на граѓаните, мрачниот Мицкоски сака општините, градовите да бидат завиени во мрак, и тоа во периодот на новогодишните и божиќните празници. ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, од почетокот на пандемијата па до сега, не донираа ниту еден денар, не се откажаа од платите во Собрание, од паушалите во Советите на општините, не донираа ниту една маска, средство за дезинфекција, ништо. Напротив, цело време го поткопуваат здравствениот систем, ја попречуваат борбата против вирусот, ги прекршуват мерките и водат мрачна, некрофилна кампањата. Мрачниот некрофил Христијан Мицкоски се радува на починати, ама се радува и на мрак, оти такви мрачни му се сите политички дејствувања“,
се вели во соопштението.
Претходно денеска воветничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје побара средствата што се планирале за новогодишно уркасување да се пренаменат за да се купат лаптопи за учениците кои не можат да следат онлајн настава.