Владејачката партија СДСМ реагира на вечерашната изјава на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Хриситјан Мицкоски, кој соопшти дека заедно со коалицијата „За обнова на Македонија“ усвоиле заендички статови во врска со националните интереси. Од СДСМ велат дека Мицкоски три години работи против државните интереси, а сега само глуми дека е загрижен.
„Нема крај лицемерието на очајниот губитник Христијан Мицкоски. На денот кога на претседателот, Зоран Заев, уште еднаш меѓународно му се признаени успесите, кога добива награда од реномирана европска фондација, каде е окаракетризиан како човек што влева надеж, како реформатор и европеец, Мицкоски неповикан поита да си прави сопствена промоција“,
се влеи во нивното соопштение.
Според нив, Мицкоски требало да знае дека во овие три години земјава добила слобода, станала пријател со Грција и доби членство во НАТО.
„Добивме Влада што ги почитува сите заедници, добивме обезбеден јазик и идентитет признаени од целиот свет. Што има Мицкоски направено за македонската држава, освен што ја покачи цената на струјата за 100 отсто? Освен што во Собранието и надвор од него, неговата ВМРО-ДПМНЕ се обидуваше да ги закочи реформите важни за евроатлантската иднина? Мицкоски не само што нема ништо направено за европската иднина, туку ќе остане запаметен дека беше на спротивната страна, очајно обидувајќи се да ја врати држава назад во темното минато“,
му порачуваат од владејачката партија СДСМ.