Ова, како што посочува пратеникот од СДСМ, Мартин Костовски, е доказ дека опозицискиот лидер нема грам чувство за државност, туку дека своите политики ги води според личните потреби и интереси, а исто како и при приемот во НАТО, ВМРО-ДПМНЕ прави сè за да го спречи ЕУ-интеграцискиот пат на земјава
Претходно денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ја поднесе граѓанската иницијатива за одржување референдум на кој граѓаните би се изјасниле „за“ или „против“ Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу С Македонија и Бугарија
Мицкоски бара референдум за поништување на Договорот за добрососедство со Бугарија кој тој лично и јавно го поддржа пред високи бугарски претставници, вели пратеникот од редовите на СДСМ, Мартин Костовски откако денеска опозицискиот лидер ја поднесе граѓанската иницијатива за одржување референдум на кој граѓаните би се изјасниле „за“ или „против“ Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија.
Ова, како што посочува Костовски, е доказ дека кај него нема грам чувство за државност, туку своите политики ги води според личните потреби и интереси, а дека исто како и при приемот во НАТО, ВМРО-ДПМНЕ прави сè за да го спречи ЕУ-интеграцискиот пат на земјава.
„Иницијативата за референдум на Мицкоски не е ништо друго освен последен очајнички обид да се попречи европската иднина на државата. Оваа иницијатива која е осудена на неуспех е исклучиво за внатрепартиска употреба на Мицкоски за да ја спаси сопствената фотелја во белиот дворец“,
вели пратеникот од СДСМ, Мартин Костовски.
Според Костовски, опозицискиот лидер веќе нема поддршка ниту во сопствената партија, а еденствениот партнер на неговите, како што вели, деструктивни политики е политичката партија Левица декларирана како анти-НАТО и анти-ЕУ опција.
„Иницијативата на Мицкоски ќе пропадне. СДСМ, европската коалиција што ја предводи, како и мнозинството граѓани, нема да дозволат ВМРО-ДПМНЕ одново да ја загрози европската иднина, нема да дозволат само заради лични интереси на Мицкоски, македонското општество повторно да биде изолирано и поделено како што тоа беше во време на режимот на ВМРО-ДПМНЕ“,
додава Костовски посочувајќи оти Мицкоски и Апасиев нема да ја спречат европската иднина на државата.
Претходно денеска, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ја поднесе граѓанската иницијатива за одржување референдум на кој граѓаните би се изјасниле „за“ или „против“ Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу С Македонија и Бугарија.
Тој ги повика сите граѓани, доколку се случи, масовно да излезат на референдумот и да гласаат за поништување на Договорот со Бугарија, кој тој го оцени како најголем проблем и кочница во процесот на интеграција на земјава во Европската Унија.