„Ќе ги искористиме сите механизми во ова Собранието, уставните судии ќе бидат избрани, а Уставниот суд ќе работи во својот полн состав. ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш ќе биде поразено од страна на правдата“, рече Георгиевска додавајќи дека ќе се обиде да ги убеди колегите да дискутираат, односно да се впуштат во суштинска дебата која ќе биде разумна
Георгиевска ги критикуваше колегите од опозицијата, членови на Комисијата, кои веќе втора недела се обидуваат да го спречат изборот на актуелниот државен обвинител, Љубомир Јовески за уставен судија, меѓудругото користејќи и тактики на филибастеринг преку долги говори и процедурални забелешки
Пратеничката во Собранието од редовите на СДСМ и претседателка на Комисијата за прашања на изборите и именувањата Марија Георгиевска денеска на прес-конференција го оцени како неодговорно и несовесно однесувањето на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, со кое му се нанесува штета на судскиот систем во државата.
Георгиевска ги критикуваше колегите од опозицијата, членови на Комисијата, кои веќе втора недела се обидуваат да го спречат изборот на актуелниот државен обвинител Љубомир Јовески за уставен судија, меѓу другото, користејќи и тактики на филибастеринг преку долги говори и процедурални забелешки.
Како што истакна претседателката на Комисијата, Уставниот суд работи на граница на кворум, со пет од вкупно девет уставни судии. Во ноември ќе истече мандатот на уште еден судија. Додека не се изберат нови, државата може да влезе во уставна криза бидејќи Судот нема да може да носи одлуки и да одржува седници.
„Со денови пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Комисијата на секој можен начин го блокираат изборот на нови уставни судии. Типично за ВМРО-ДПМНЕ, секогаш кога се носат одлуки важни за правниот систем, тие опструираат, блокираат и се закануваат. Така беше и при изборот на државен јавен обвинител, така е и сега кога треба да се изберат уставни судии“,
обвини Георгиевска.
Повеќе од една недела, како што нагласи таа се забележува нервозно и вулгарно однесување на пратениците кои по секоја цена сакаат да го пролонгираат изборот на уставни судии.
Георгиевска најави дека ќе ги искористат сите механизми во Собранието за да бидат избрани уставните судии и увери оти тие ќе бидат избрани.
„Ќе ги искористиме сите механизми во ова Собранието, уставните судии ќе бидат избрани, а Уставниот суд ќе работи во својот полн состав. ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш ќе биде поразено од страна на правдата, додавајќи дека ќе проба да ги убеди колегите да дискутираат, односно да се впуштат во суштинска дебата која ќе биде разумна“,
рече пратеничката Георгиевска.
Таа потенцираше дека сите пратеници треба да покажат сериозност и одговорност, а политиките да ги остават на страна.
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ минатата недела со долги говори и процедурални забелешки на седницата на Комисијата за прашања на избори и именувања ја одолговлекуваа расправата за предлогот Јавниот обвинител, да биде избран за уставен судија.
Продолжение на седницата во четвртокот, минатата седмица заврши дури ноќта кон петок, односно во еден часот по полноќ, по десетчасовен говор на пратеничката од опозициската партија, Бети Стаменковска-Трајковска. И во петокот комисиската расправа продолжи во идентичен ритам, со долга процедурална забелешка на пратеничката од редовите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Ели Панова, која побара стенограми од вчерашното маратонско продолжение на седницата, а прочита и деловник за работа на Комисијата.
Таа ја обвини претседателката на Комисијата, Марија Герогиевска дека не дела никаква пауза и ја прекинала седницата откако пратеничката Стаменовска-Трајковска за кратко ја напуштила салата.
Панова, побара од претседателката на Комисијата да обезбеди вода за пратениците, но и лекар и вработени во службите. Таа побара и стенограми од говорот на претседателот на Собранието Талат Џафери од пред повеќе години, кога како пратеник долго читаше поезија и молчеше на седницата на собраниската Комисија за да се види, како што рече, дали нему му била дозволена пауза.
Љубомир Јовески е последен кандидат од предложените кандидати за уставен судија за кој расправа Комисијата. Тој е предложен е од СДСМ покрај другите двајца кандидати, Татјана Васиќ-Бозаџиева, која работи во Министерството за правда како државен советник за граѓанско законодавство и на граѓанскиот судија во Апелациониот суд во Скопје, Фатмир Скендер, кои ја добија поддршката од Комисијата.
Од предложените шест кандидати за уставни судии на опозициската ВМРО-ДПМНЕ ниту еден не доби поддршка.
Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата не даде поддршка за ниту еден од кандидатите предложени од ВМРО-ДПМНЕ.
Опозициската партија како кандидати за членови на Уставниот суд ги предложи универзитетскиот професор, Саво Климовски, потоа Тодор Витларов, вработен во Вишото јавно обвинителство во Штип, судијата во пензија Бранко Секуловски, Воислав Димовски, доскорешен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Охрид и судијката од Управниот суд, Весна Јовановска и професорката Родна Живковска.
Портив кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, поранешниот обвинител во Основното јавно обвинителство Охрид, Воислав Димоски вчера беше поднесено обвинение со кое се товари за несовесно работење во службата, односно дека чувал предмети во фиока и на тој начин овозможил пријавените кривични дела апсолутно да застарат за гонење.
Тој обвинението го оцени како нарачан и политички мотивиран прогон кон него.