Од партијата посочуваат дека идната коалиција на власт што ќе ја предводи СДСМ ќе биде отворена за сите политички чинители, кои прифаќаат да се приклучат на патот што води напред
Сите пратеници во наредниот парламентарен состав ќе имаат можност да се приклучат кон прогресивните сили предводени од СДСМ, се наведува во денешното соопштение на досега владејачката партија, која претендира да ја формира и идната влада, согласно со резултатот што коалицијата „Можеме“ го оствари на изборите на 15 овој месец.
Од СДСМ, исто така, потенцираат дека, преговорите за состав на идната влада ќе почнат по одбележувањето на Илинден, кога треба да се конституира и новиот собраниски состав.
„Како држава во наредниот период нѐ очекуваат сериозни предизвици. Мора да се работи посветено уште од првиот ден и затоа ова се времиња кога е неопходна стабилна Влада која ќе одработи цел мандат за доброто на граѓаните, влада фокусирана на економијата, правдата и преговорите со ЕУ. По илинденските празници почнува процесот на преговори за можна коалициска соработка, но она што е јасно е дека сите пратеници во наредниот парламентарен состав ќе имаат можност да се приклучат на прогресивните сили предводени од СДСМ, кои обезбедуваат успех, напредок и развој, поддржани од мнозинството граѓани и меѓународната заедница“,
велат од СДСМ.
Од партијата посочуваат дека коалицијата што ќе ја предводи СДСМ ќе биде отворена за сите политички чинители, кои прифаќаат да се приклучат на патот што води напред, „односно европскиот пат, патот на правдата и пред сѐ економијата“.
„ВМРО-ДПМНЕ прво треба да обезбеди демократија за своите членови кои не можат да дојдат до израз во така заробена партија, па потоа да обезбедува и придонесува за иднината на нашата земја.
се наведува во соопштението на СДСМ.
Нека се реформира внатрешно, да согледа зошто губи на три изборни циклуси по ред, да расчисти целосно и недвосмислено со штетните политики на Никола Груевски и неговото наследство“,
Коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ, а во чиј состав е и Беса, освои 46 мандати на неодамнешните избори или два повеќе од ВМРО-ДПМНЕ, од чија коалиција „Обнова“ исто така се избрани пратеници и од други партии.
Од ДУИ, која има 15 пратеници, деновиве најавуваат интензивирање на разговорите со досегашните коалициски партнери од СДСМ за составување нова влада. Во таков случај, идната влада засега може да смета на поддршка од најмалку 61 пратеник, што е на работ на неопходното мнозинство за нејзин избор во Собранието, кое брои 120 членови.