Извештајот на Европската комисија ги потврди фактите, ДПМНЕ, Мицкоски и Левица се кочничари на напредокот кон ЕУ.
Ова денеска го соопштија од Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ) за Извештајот на Европската комисија (ЕК) за напредокот на земјава во 2023 година, обвинувајќи ја опозицијата дека ја блокира работата на Собранието, а со тоа и потребата да се донесат уставните измени.
„Клучниот проблем за извештајот на Европската комисија и забелешките во него е тоа што Собранието е блокирано од страна на опозицијата. Се укажува на потребата да се донесат уставните измени и реформите за ЕУ кои ги блокираат токму Мицкоски ДПМНЕ. Блокадата на ДПМНЕ и Левица е и за поглавјата кои се однесувата на борбата против корупцијата, што значи ДПМНЕ беше и останува против правдата“,
рече портпаролката на СДСМ, Богданка Кузезеска.
Како што посочи Кузеска, Комисијата јасно посочува дека Македонија има прогрес во 81 отсто од поглавјата, а нема назадување во ниту едно поглавје.
„Дополнително, 90 отсто од поглавјата се соодветно ниво на подготвеност. ДПМНЕ заедно со Левица се единствените антиевропски партии кои се најголемите кочничари на европскиот пат на земјата“,
заклучи таа.