Во демократска слободна европска држава како што е Северна Македонија нема место за закани. Смрт на фашизмот, слобода на народот, се вели во соопштението од „Бихаќска“
СДСМ ја осуди поладнево реториката на претставници на Левица – веројатно новата парламентарна партија, и апелира до Обвинителството да не толерира „говор на омраза и закани со фашистички наратив“.
“Ги осудуваме опасните повици од страна на Левица, Обвинителството да реагира, нема толеранција за закани со фашистички наратив. На денот кога државата и институциите организираа беспрекорно чист изборен ден, политичката партија Левица и нејзини претставници шират говор на омраза и повикуваат на линч на неистомисленици.СДСМ ги осудува ваквите маргинални политики кои се блиски на фашистичките наративи и концепти“,
се наведува во соопштението на СДСМ.
Димитар Апасиев од Левица, кој се очекува да стане пратеник од првата изборна единица, синоќа, по завршувањето на изборите, напиша двосмислен статус на фејсбук, по што примаше честитки за постигнатиот изборен резултат.
И денеска, на прашање кого ќе стрела, Апасиев одговори: „па сите“, а запрашан „кои се тие сите“, одговори: „сами заклучете“.
„Денес, Северна Македонија е слободна земја во која владеат закони и никој не смее им се заканува на граѓаните и да помине неказнет.
се наведува во соопштението на СДСМ.
Правда доаѓа за сите. Надлежните институции, Обвинителството, да преземат мерки, да постапат и да ги санкционираат ваквите срамни изблици на насилен политички израз. СДСМ и новата Влада силно ќе се спротивстават на каков било обид да се наштети на освоената слобода. Граѓаните да бидат спокојни. Во демократска слободна европска држава како што е Северна Македонија нема место за закани. Смрт на фашизмот, слобода на народот“,
Настапите на Апасиев денеска ги осудија и негови поранешни сопартијци во Левица, која по изборите во 2016 година помина низ неколку раслојувања.
Бранимир Јовановиќ, забележа, исто така, дека оваа Левица, како што рече е фашистичка партија.
Здравко Савески, пак, коментира дека Апасиев покажал дека криминалот се исплатува во македонската политика.
Апасиев, на денешната прес-конференција, обвини дека Левица е цел на изборна кражба. На прашањето за идна коалиција, Апасиев рече дека засега немаат контакти со политички партии, но дека со СДСМ нема за што да разговараат.