СДСМ најостро го осудува насилството и обидот преку деструкции и насилие да се создаде тензија во земјата, нови поделби и раздор и да се закочи целата држава.
Ова на денешната прес конференција го истакна портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.
„Протестот е уставно и демократско право. Но, насилството и сликите коишто вчера ги видовме, повредени полицајци, насилници со качулки на виделина ја покажа вистинската цел на деструкцивната анти-европска коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Левица.Тоа е вистинскот лице и вистинската цел на анти европската коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и проруската Левица“,
додаде Кузеска.
Таа нагласи дека во период кога траат широки и инклузивни консултации ВМРО-ДПМНЕ и Левица, наместо дијалог и конструктивност, одбрале да организираат насилни протести, да шират лажни вести измислуваат црни сценарија со кои ја плашат јавноста.
„Тоа е уште еден доказ дека Мицкоски и Апасиев, ВМРО-ДПМНЕ и Левица не и мислат добро на државата, не им мислат добро на граѓаните“,
рече Кузеска.
СДСМ, според неа, заедно со граѓаните нема да дозволи насилничкото однесување на ВМРО-ДПМНЕ да ја загрози иднината на државата.
Сакаме јасно да порачаме на сите деструктивни сили дека нема да дозволиме да се загрози стабилноста на државата. Нека не се обидуваат да го повторат упадот од 27 април. Тоа нема да го дозволиме. Ние сме членка на НАТО и продолжуваме по евро-атланскиот пат.
Пред нас е предлог кој е во согласност со нашите црвени линии, предлог кој содржи чиста формулација на македонскиот јазик, кој гарантира дека историските прашања со Бугарија нема да бидат дел од преговарачката рамка.
„По години чекање, конечно имаме можност сосема заслужено да започнеме со преговори за членство во ЕУ, ВМРО-ДПМНЕ и Левица и нивните деструкции нема да ја загрозат европската иднина на државата“,
рече Кузеска.