Таквото крајно неодговорно, себично, незрезло и несовесно однесување не е ништо ново од Мицкоски, кој и во време на забрани и вонредна состојба ширеше лажни вести и ги прекршуваше мерките, обвинија од владејачката партија по завршувањето на вечерашниот протест
За да ја спаси фотелјата во белиот дворец, губтникот Христијан Мицкоски го загрозува здравјето на сопартијците, но и јавното здравје, обвинија од владејачкиот СДСМ, набезо по завршувањето на вечерашниот протест на ВМРО-ДПМНЕ против реваншизам и терор.
Од СДСМ оценуваат дека на опозициските протести не се почитуваат мерките за одржување растојание и за носење заштитни маски.
Во време кога државата се соочува со есенски бран на коронавирусот, Мицкоски без срам организира собири, лицемерни протести на кои не се почитува мерката за задолжителна дистанца, а мерката за задолжително носење заштитна опрема масовно се прекршува. На Мицкоски не му е важно здравјето на граѓаните, воопшто нее загрижен за состојбата со коронавирус, негова единствена цел е да ја зачува фотелјата во белиот дворец по секоја цена иако пред јавноста вети дека ќе даде оставка ако не победи на изборите и не формира влада. Заради лицемерниот однос, заради дејствувањето против здравјето и интересите на граѓаните, Мицкоски три пати губи на избори и уште долго ќе остане во опозиција.
велат од СДСМ.
Во соопштението на владејачката партија се посочува и дека „таквото крајно неодговорно, себично, незрезло и несовесно однесување не е ништо ново од Мицкоски“.
„Тој и во време на забрани и вонредна состојба ширеше лажни вести, ги прекршуваше мерките и задолженијата и се обидуваше истите да ги прикрие“,
велат од СДСМ.
Во почетокот на своето вечерашно обраќање пред Министерството за информатичко општество и администрација, Мицкоски ги замоли сите присутни да ставата маски. На крајот, пак, тој најави нови антивладини протести, посочувајќи им на присутните дека и натаму ќе се гледаат на улиците.
Мицкоски вчера, преку социјалните мрежи, бараше оставки и промена на владините политики, поради влоѓувањето на ситуацијата со ковид-19 во земјава.