СДСМ во писмено соопштение реагира на денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ упатувајќи ја партијата и Христијан Мицкоски „причините за третиот последователен пораз на избори да си ги бараат кај нив, наместо да бараат алиби“.
се вели во соопштението на СДСМ.
„На изборите на 15 јули во фер, слободна, демократска и безбедна атмосфера граѓаните масовно го поддржаа концептот на СДСМ и коалицијата Можеме. Оливер Деркоски, претседателот на ДИК од редовите на ВМРО-ДПМНЕ должи одговори пред јавноста за случувањата на денот на изборите и објавувањето на резултатите.
Бадијала ВМРО-ДПМНЕ бараат изговори за поразот што им се случи, граѓаните кажаа што мислат за нивната понуда и повторно ги казнија нивните неодговорни, незрели и опасни политики“