Која е целта на пратениците на ДПМНЕ не навлегуваме, тоа го сметаме за внатрешно прашање во опозициската партија, но јавноста ја заслужува вистината, соопштија од СДСМ
Со денови ДПМНЕ пласира едни исти лаги за Декларацијата за Илинден која ја поднесе СДСМ. Што се случува во ДПМНЕ? Дали намерно пратениците на ДПМНЕ не го известиле Мицкоски дека Декларацијата за Илинден е поднесена во Собранието, прашаа денеска од СДСМ.
„Доколку во ДПМНЕ меѓу себе си кријат информации едни од други, тоа е едно, но изнесувањето невистини и лаги во јавноста е нешто сосема друго. Која е целта на пратениците на ДПМНЕ не навлегуваме, тоа го сметаме за внатрешно прашање во опозициската партија, но јавноста ја заслужува вистината. Впрочем, сметаме дека и самиот Мицкоски заслужува да ја знае вистината“,
нагласија од владејачката партија.
Оттаму испратија и линк до собраниската интернет-страница каде, како што рекоа, Мицкоски ќе може да ја прочита и воедно да ги одбегне обидите на неговите пратеници да му кријат јавно достапни информации.