Од владејачката партија велат дека опозицискиот пратеник е недостоен да ги претставува граѓаните во парламентот, додека опозицијата оценува дека министрите за внатрешни работи и за правда се опасност за државата
Двете водечки партии во земјава претпладнево повторно си „разменуваат“ барања за оставки на нивни функционери во законодавната и во извршната власт.
Додека владејачката партија бара оставка од пратеникот и претседател на собраниската Комисија за надворешни работи Антонијо Милошоски, затоа што, како што велат, бил осуден за кривични дела во Германија, опозицијата ги повикува министрите за внатрешни работи и за правда, Оливер Спасовски и Бојан Маричиќ, да се повлечат од функциите, затоа што немале безбедносни сертификати од НАТО.
„Милошоски, кој бил осуден за кривични дела кражби, злоупотреби и придобивки со измами од страна на судството во Германија, треба да понесе одговорност за скандалот, потврден со официјални и јавно објавени документи, да им се извини на граѓаните и да поднесе оставка. Пратеник, осуден за кражба, фалсификување исправи не е достоен да ги претставува граѓаните во парламентот.
велат од СДСМ.
Со кое лице дезинформатoрот Милошоски излегува пред граѓаните и се обидува да им продаде морал“,
Од партијата посочуваат и дека против Милошоски се води предмет и постапка и пред македонските судови, но и „граѓаните се свесни дека тој ја спроведува политиката на Мицкоски, составена од лаги, блокади, критики – политика која ја влече државата назад во режим, криминал и корупција“.
Од друга страна, од ВМРО-ДПМНЕ велат дека самиот факт што Спасовски, како министер за внатрешни работи, нема НАТО-безбедносен сертификат е опасност и за земјава и за Алијансата.
Што е тоа што го спречува Спасовски да има сертификат? За Маричиќ, пак, посочуваат дека, како министер за правда, доаѓа до безбедносно
сензитивна материја, а исто така нема сертификат.
„Дали големиот број криминални афери и корупциски скандали се причина за недовербата на НАТО? Како ако Спасовски и Маричиќ не ги исполнуваат критериумите на НАТО, ги исполнуваат на Македонија? Спасовски и Маричиќ се опасност по државата. И треба да си поднесат оставки. Владата да каже кои други функционери немаат НАТО безбедносен сертификат и зошто“,
прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ: