Штипската полиција добила пријава од член на избирачки одбор дека лица кои биле позитивни на коронавирус гласале на гласачкото место кое се наоѓа во градинката „ Вера Цириви Трена“, јави СДК.мк.
„По службена должност полицијата постапи по поднесената пријава и утврди дека две лица на 67 и 72 години гласале на ова избирачко место иако од 12 декември поради позитивноста на корона-19 биле ставени во листата на изолација. За натамошна постапка СВР Штип го извести надлежниот Основен јавен обвинител кој работи на случајот“
вели портпаролот на СВР Штип, Гордана Панајотова.
Општинската изборна комисија не дозволила ова избирачко места да се затвори поради овој случај па гласањето продолжило. Како што пренесува СДК.мк, лицата позитивни на ковид-19 биле брачна двојка во пензија. До изборната комисија имало и други пријави дека на некои избирачки места гласале и лица кои требало да бидат во самоизолација, а не се пријавиле да гласаат дома.