Елизабета Ѓорѓиевска, сопруга на претседателот на државата Стево Пендаровски, ќе биде во избирачки одбор за гласање на лица болни од ковид-19 и граѓани кои се во самоизолација, пишува СДК.МК.
Од Кабинетот на претседателот потврдиле дека Ѓорѓиевска ќе биде член на избирачкиот одбор во Општина Гази Баба, кој ќе оди во домовите на лица позитивни на коронавирус, кои се пријавиле да гласаат на изборите во оваа скопска општина.
„Сопругата на Претседтелот беше избрана по случаен избор и веднаш, без размислување, ја прифати задачата да биде дел од избирачките одбори, за да може лицата со ковид-19 да го остварат граѓанското право на глас“,
велат од Кабинетот на претседателот Пендаровски.
Ѓорѓиевска, која е редовен професор на Стоматолошкиот факултет и раководител на Катедрата за детска и превентивна стоматологија, е избрана по случаен избор како медицинско лице, кое треба да биде дел од избирачките одбори.