Оваа промена на раководството во кумановската болница следи откако министерот за здравство Арбен Таравари по смртта на 32-годишниот кумановец кој почина по алергиска реакција од аналетик, го разреши д-р Стефан Трајановски
Сашо Стошевски, досегашниот директор на подрачната единица на Фондот за здравствеено осигурување е назначен за нов директор на Општата болница Куманово, објави државната новинска агенција МИА.
Решението за назначување се уште не му е предадено, па така Стошевски официјална изјава за неговото назначување најави за утрешниот ден.

Оваа промена на раководството во кумановската болница следи откако министерот за здравство Арбен Таравари го разреши досегашниот директор, д-р Стефан Трајановски, по смртта на 32-годишниот кумановец кој почина по алергиска реакција од аналетик.
Оваа информација Таравари ја сподели во јавноста вчера по посетата на семејството на починатиот кумановец.
„Пред да дојдам тука го прегледав извештајот од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) и во него многу лесно може да се констатира дека веќе има предуслови за разрешување на директорот на ОБ Куманово“,
рече вчера Таравари.
Посочи дека професионалниот тим од Министерството за здравство ќе ја разгледа целата документација по што ќе му ја предаде на Обвинителството, а судот ќе ја донесе конечната одлука дали постоела лекарска грешка во третманот на пациентот.
Стошевски е магистер на економски науки, а 17 години е вработен во Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) во Куманово, каде лани беше назначен за директор.