Шпанија до крајот на годината претседава со ЕУ. Самитот е форум за поттикнување на соработката меѓу повеќе од 40 земји формиран по руската инвазија – 27 од ЕУ и 20 од земјите околу неа. Блокот в петок ќе разговара за планот за проширување
Проширувањето на Европската Унија со осум нови членки ќе доведе до многу предизвици во блокот, но Шпанија е отворена за такво проширување, изјави денеска шпанскиот премиер Педро Санчез пред почетокот на средбата во шпанскиот град Гранада на шефовите на држави или влади од Европската политичка заедница.
Меѓу главните теми на средбата се проширувањето на Унијата и руската војна во Украина.
„Сите Европејци го поддржуваат украинскиот претседател Володимир Зеленски и неговата земја. Подготвени сме да продолжиме со поддршката до крајот на војната. Треба да го промениме буџетот на ЕУ за да ја обезбедиме оваа помош во наредните години“,
истакна Санчез.
Шпанија до крајот на годината претседава со ЕУ. Самитот е форум за поттикнување на соработката меѓу повеќе од 40 земји формиран по руската инвазија – 27 од ЕУ и 20 од земјите околу неа. Блокот в петок ќе разговара за планот за проширување.
Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, вчера изјави дека Украина би можела да ѝ се приклучи на Европската Унија во 2030 година доколку двете страни си ја завршат домашната задача.
„Украина и другите земји кандидати мора да спроведат реформи, да се борат против корупцијата и да ги исполнат законските барања. Нам во ЕУ треба да ни биде јасно што сакаме да постигнеме заедно, кои се нашите приоритети и на што сакаме да трошиме пари. И ние мора да ги забрзаме нашите процеси на одлучување“,
изјави Мишел во интервју за „Шпигел“.
Тој предупреди дека земјите од Западен Балкан 20 години чекаат да влезат во ЕУ поради што таму расте влијанието на Русија и Кина.