Новиот коронавирус ковид-19 до утринава не е забележан само во 15 земји, додека најголем број заразени и починати има во Италија и Иран, покажуваат податоците од статистичките центри.
„Ворлдметар“ (Worldometer) покажува дека пандемијата зафати повеќе од 180 земји во светот.
Меѓу земјите во кои нема ниту еден случај на заболен со коронавирус е Гренланд, каде што има околу 55 000 жители.
Засега вирусот го нема и во 14 африкански земји: Боцвана, Зимбабве, Мозамбик, Мадагаскар, Намибија, Ангола, Либија, Мали, Малави, Коморос, Уганда, Јужен Судан, Папуа Нова Гвинеја и Јемен.