Само четири до пет проценти од Чесите стекнале имунитет на новиот коронавирус, соопшти чешкото Министерство за здравство.
Како што велат од Министерството, имунитетот на новиот коронавирус во земјата се гради многу бавно и досега го стекнале не повеќе од четири до пет проценти од населението.
Прелиминарните податоци доаѓаат од масовно тестирање на антитела што почна во април.
Во Чешка од почетокот на епидемијата се заразени 7 896 лица, а 257 починаа.