Со овој трет мандат, освоен против главната конзервативна противкандидатка Сузан Хол, по траење го надмина својот претходник, конзервативецот Борис Џонсон, кој двапати беше избран за градоначалник на Лондон
Садик Кан е избран за градоначалник на Лондон, освојувајќи историски трет мандат.
Кан ја победи својата ривалка Сузан Хол од Конзервативната партија со скоро 276 илјади гласови повеќе, пренесува „Би-би-си“ и освоил девет од 14-те изборни единици.
Кан освоил 1 088 225 гласови, додека за Хол гласале 812 397 гласачи.
Актуелниот градоначалник, син на пакистански имигранти, стана заштитно лице во континуитетот на британската престолнина. Синот на возач на автобус првпат ја освои власта во Лондон во 2016 година. Тогаш тој стана првиот муслиман на чело на градот.
Со овој трет мандат, освоен против главната конзервативна противкандидатка Сузан Хол, по траење го надмина својот претходник, конзервативецот Борис Џонсон, кој двапати беше избран за градоначалник на Лондон.
Градоначалникот на Лондон беше исвиркан додека го започна својот победнички говор, пренесува „Гардијан“.
„Ти благодарам од дното на моето срце, ти благодарам, Лондон“,
рекол Кан на публиката во Градското собрание пред да помине низ бината лице кое извикало: „Кан го убил Лондон“.
Неговата противкандидатка Хол, додава „Гардијан“, се појави со камено лице додека Кан го држеше својот говор и благо одмавна со главата во знак на неодобрување додека Кан кажа дека ќе биде градоначалник за сите жители на Лондон, вклучувајќи ги и оние кои не гласаа за него.
„Го повикувам Садик да го направи Лондон подобар заради сите нас“,
рече Хол.
На социјалната мрежа Икс, Кан напиша дека му е чест да му служи на градот што го сака. „
„Денеска не е за правење историја, туку за обликување на нашата иднина. И ќе работам неуморно за да обликувам поправеден, побезбеден и позелен град за секој Лондончанец“,
напиша Кан на Икс.
Thank you, London. It's the honour of my life to serve the city I love. 🙏🏿
— Sadiq Khan (@SadiqKhan) May 4, 2024
Today is not about making history, it’s about shaping our future.
And I'll work relentlessly to shape a fairer, safer, greener city for every Londoner. pic.twitter.com/OQJVxGg6IB