Студенти од Универзитетот во Тускалоса, Алабама кои се дијагностицирани со ковид-19, присуствувале на забави во градот и околината, кои биле дел од шокантен натпревар кој може да се зарази со вирусот, објави денеска градската советничка Соња Мекистри.
Мекинстри вели дека студентите организирале тнр. „ковид забави“ за намерно да се заразуваат меѓусебе. Таа рече дека оваа шокантна вест ја дознала неодамна по што веднаш го информирала градскиот совет.
Во изјава за медиумите градската советничка тврди дека организаторите на забавите намерно ги поканувале оние кои имаат ковид-19.
На почетокот мислеле дека се работи за гласини, но потоа добиле повтврда и од лекарите и од властите.