Во изминатите 24 часа во САД се пријавени најмалку 52 898 новозаразени со ковид-19, што е најголем број од почетокот на пандемијата, покажуваат податоците што ги објави Универзитетот „Џонс Хопкинс“.
Со новите случаи, вкупниот број на досега дијагностицирани пациенти со ковид-19 изнесува 2,7 милиони.
Во последното деноноќие регистрирани се и 706 смртни случаи, а вкупниот број на починати досега изнесува 128 028.
Водечкиот американски експерт за заразни болести, Ентони Фаучи, пред неколку дена излезе со критики дека САД се движат во погрешна насока и предупреди дека бројот на дијагностицирани нови случаи на дневно ниво може да се искачи и на 100 000.
„Ние се движиме во погрешна насока. Не можеме само да се фокусираме на областите со драстично зголемување на бројот на пациенти. Ова ја загрозува целата земја… Не би бил изненаден доколку бројката се зголеми на 100 000 дневно, доколку работите не се сменат. Затоа сум многу загрижен“,
рече Фаучи.